20.000 деца се заложници и жив штит на исламистите

Враќањето на Фалуџа под надзор на ирачката влада ќе биде тежок удар за Исламската држава

 |  инфодеск  | 

Ирачките сили во понеделникот започнаа голема операција за завземање на градот Фалуџа, 50 километри западно од Багдад, градот кој е под контрола на Исламската држава.

Се очекува дека ирачката војска наскоро ќе влезе во градот кој го држат помеѓу 500 и 1000 борци на Исламската држава. Во градот се заробени уште околу 50.000 цивили од кои 20.000 се деца, јавува CNN.

Џихадистите им забрануваат на жителите да побегнат, a одредот на смртта на Исламската држава имаат задача да го убијат секој кој се обидува да избега или ако истакне бело знаме во знак на предавање. Исламска држава користи на стотици фамилии како живи штитови во центарот на градот, а мажите и децата кои ќе одбијат да се борат за Исламска држава ги чека моментална егзекуција, ивестува ОН.

“Ова ќе биде тешка борба”, рекол пензионираниот генерал и воен аналитичар Марк Хертлинг за CNN. “Ирачката влада вели дека сѐ ќе биде готово за два дена, но се сомневам. Мислам дека ќе биде потребно повеќе”, рекол тој.

На ирачката војска со воздухопловна поддршка им помага коалицијата предводена од САД.

Враќањето на Фалуџа под надзор на ирачката влада ќе биде тежок удар за Исламската држава со оглед дека завземањето на тој град на почетокот на 2014 година за џихадистите беше првиот спектакуларен воен успех.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top