Данска овие денови бележи полна вработеност и како што предупредуваат властите мора да се пронајде начин за да се зголеми работната сила.
Данските медиуми наведуваат дека тамошните власти мора брзо да делуваат за зголемување на работната сила во земјата за да се избегнат евентуалните штетни последици врз националната економија.
Од Централната банка на Данска порачале дека невработеноста во земјата достигнала “структурално ниво”.
“Невработеноста достигна структурално ниво. Помеѓу невработените немаме резервни работници”, е наведено во извештајот на Централната банка на Данска.
Тие предупредуваат дека постојат сериозни показатели за притисоци на пазарот за труд.
“Најочигледни показатели се извештаите за недостаток на работници во градежниот и производниот сектор”, се додава во извештајот.
Во Централната банка нагласиле и дека четири групи на граѓани би можеле да допринесат за зголемување на работната сила, а се работи за работници кои ќе го одложат одењето во пензија, студенти, граѓани со инвалидски пензии и емигранти.
Сезонската прилагодена стапка на невработеност во Данска во мај 2016 година изнесувала 4,2%.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град