Дали е некој производ опасен или запалив, колку трае откако ќе го отвориме, дали може да се рециклира, дали има повратна амбалажа, дали е органски или без глутен?
Одговорите на сите овие прашања се наоѓаат на пакувањето од производот прикажан со слика или симбол, но поголемиот број на граѓани не ги разбира тие симболи.Еве неколку од нив:
Ретко кој знае дека симболот „CE” значи дека производот е усогласен со сертификатите и правилата кои владеат во ЕУ. Симболот зајак означува дека козметиката и препаратите не се тестирани на животни. Отворена кутија со број во неа покажува колку месеци е производот добар за користење откако ќе се отвори.
Може да се примети при дното на секоја паста за заби, шампон, крем за тело или лице се наоѓа квадрат со црна, темносива, темносина, црвена или темнозелена боја. Темните квадрати покажуваат дека производот е направен исклучително од хемиска супстанција, црвениот дека се состои од 70% хемиски и 30% природни состојки, а зелената боја означува дека тој производ се состои само од природни состојки.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град