Дали штедењето во евра е сигурно?

Еврото во однос на доларот најслабо во изминатите девет години

 |  инфодеск  | 

Еврото не престанува да слабее во однос на американскиот долар. Како што пишува во соопштението на IMC агенцијата, на глобалниот девизен пазар (Forex), еврото во однос на американскиот долар од почетокот на годината ослабе за додатни 3% и го продолжи трендот на слабеење од претходната година.

Падот на еврото не треба да изненадува. Аналитичарите на AdmiralMarkets тоа го најавуваа повеќе од една година но и понатаму сметаат дека тој тренд ќе продолжи долгорочно да трае. Поедноставно кажано, економската ситуација во САД е многу подобра отколку во Европа па е сосем логично побарувачката по долари да е поголема во однос на еврото.

На подобра ситуација во САД укажуваат сите економски параметри. Стапката на невработеност во САД е 5,8% додека во еврозоната е дури 11,5%, а во поедини земји и многу поголема. Американскиот БДП расте, а во последниот извештај (трет квартал во 2014) растел дури 5%, додека БДП во еврозоната порасал само за 0,2%.

Стапката на инфлација во САД приближно изнесува 1% со тендеција да расте а со тоа централната банка на САД ќе ги зголемува каматните стапки и поради поголеми приходи ќе се зголеми побарувачката на доларот. Од друга страна, стапката на инфлација во еврозоната е негативна -0,2% поради што Европската централна банка припрема повеќе програми за убризгување пари во финансискиот систем што доведува до преголема понуда на евра и понатамошно намалување на вредноста.

Штедењето во евра во Македонија нема да го почувствуваат слабеењето на еврото бидејќи денарот е поврзан за еврото. Штедењето нема да биде несигурно затоа што слабее еврото, но и понатаму ќе остане најмалку исплатливо бидејќи каматните стапки на еврото се мали а би можеле да паѓаат и понатаму имајќи во предвид дека Европската централна банка референтните каматни стапки ги држи под нулата, што никогаш не се случило од постоењето на еврото.

Аналитичарите на AdmiralMarkets сметаат дека зголемената волатилност на пазарот ќе продолжи и движењата на главните валути од неколку проценти се и понатаму возможни така што се отвораат нови прилики за отстварување профит. Исто така, тие сметаат дека долгорочно американскиот долар и понатаму ќе јакне во однос на еврото, но по наглото засилување последните месеци можна е привремена корекција од неколку проценти.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top