Дали лебот дебелee?

Одговорот би можел да ве изненади

 |  инфодеск  | 

Некогаш беше намирница без која не поминуваше ниту еден оброк, лебот денес се претвори во најлут непријател. Но, дали треба навистина тоа да биде?

За потребите на истражувањето, кое го иницирала една австралиска пекара за да ги смени ставовите спрема јадење леб, биле испитани повеќе од 1.000 жени со старост помеѓу 25 и 65 години. Истражувањето покажало дека 43% од нив кога сакаат да ослабат го избегнуваат лебот, 20% чувствуваат вина додека го јадат, а за повеќе од половина терминот здрав леб бил збунувачки. Истражувањето уште покажалао и дека една третина биле во потрага по здрави опции кога станува збор за лебот, а 65% смета дека информациите за здрави алтернативи на лебот би требало да се подостапни. Исто така родителите признале дека го ограничуваат лебот во исхраната на своите деца.

Нутриционистот и здравствениот експерт, Sharon Natoli рекла дека негативниот став спрема јагленхидратите се појавил во 90-те години кога се појавила таканаречената Аткинсова диета.

“Правиот избор на леб може да донесе бројни здравствени предности”, вели Natoli и додава дека нема докази дека лебот дебели, пишува DailyMail.

“Големите студии покажале дека луѓето кои внесуваат целосни житарици, како леб со зрна од житарки, се помалку наклонети кон дебелеење ”, вели Natoli и додава дека “многу жени не се свесни за значајните предности на интегралниот леб во кои има влакна, витамин В, магнезиум и железо”.

Се сложува со тоа дека секој потрошувач мора да има пристап до сите информации потребни за прав избор на леб. На пример, луѓето кои се грижат за здравјето на срцето, добар е лебот кој има висок процент на семки и житарки со целосно зрно.

И, иако многумина одлучиле да го исфрлат од исхраната, сепак многу луѓе не можат да му одолеат на лебот од едноставна причина  дека е вкусен. Ова го потврдило и истражувањето каде 83% од испитаниците одговориле со позитивен одговор.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top