Докажано е дека повеќето болести се предизвикани со недостаток на вода во организмот. Водата е универзален растворувач и главна компонента на метаболизмот: сите минерали и микроелементи растворени во водата се апсорбираат во крвототокот и продираат од ќелија до ќелија. Со недостатокот на вода се јавуваат проблеми со метаболизмот, што доведува до различни заболувања.
Јапонското медицинско друштво ја признала оваа терапија како успешна во лечење на хроничните, тешките заболувања, но и болестите на модерното време. Водата е ефикасна во лечење на главоболка, болки во телото, срцевите болести, артритис, епилепсија, дебелина, астма, туберколоза, мененгитис, бубрежни болести, гастритис, дијареа, хемароиди, болести на очите, менструални пореметувања и други.
Наутро, штом ќе се пробудите, пред да измиете заби, испијте 4 чаши млака вода од 160 милилитри.
Измијте ги забите, но немојте да јадете и пиете ништо следните 45 минути.
По 45 минути можете да појадувате.
Во рок од 2 часа по појадокот, ручекот и вечерата не конзумирајте никаква храна ниту вода.
Постарите лица, лицата со ослабен имунитет, или оние кои не можат одеднаш да испијат 4 чаши вода, можат да почнат со помали количини и постепено да зголемуваат до 4 чаши.
Јапонското медицинско друштво тврди дека овој третман на лечење го обновува организмот и промовира здрав начин на живот и препорачува оваа терапија со вода да стане секојдневие. Тие велат – “Пијте вода на празен стомак и ќе ги почуствувате првите резултати по 7 дена”.
Имено, препорачаната количина на внесување вода во текот на денот е 30 милилитри на килограм тежина.
Иако оваа терапија нема некои несакани ефекти, сепак треба да се биде внимателен како и со секоја алтернативна метода на лечење.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град