Со два погодоци кои ги постигна со Гранада, феноменалниот Аргентинец стигна до голем јубилеј.
Имено, Лионел Меси во саботата ги постигна својот 400 и 401 гол во кариерата. Од своето деби (октомври 2004) за првиот тим на Барселона овој виртуоз постигна 359 голови во сите натпреварувања (Примера, Куп на кралот, Лига на шампиони, Супер-куп на Шпанија, Супер-куп на Европа, Светско клупско првенство). На ова треба да се придодадат 42 погодоци за репрезентацијата на Аргентина и сега е на бројка од 401 погодок во кариерата, пишува El Mundo Deportivo, “нечуено за играч со само 27 години”.
Меси во јуни 2015 ќе го прослави својот 28 роденден и нема сомнение дека дотогаш значително ќе го зголеми своето конто на голови.
Колку е неговиот учинок инпресивен најдобро сведочи податокот дека е многу блиску до напаѓачите од светска класа – во целата кариера Тиери Анри постигнал 407, Бразилецот Роналдо 414, а Раул 423 голови.
Кристиано Роналдо засега е на 429 погодоци, но Португалецот е две години и четири месеци постар од Меси, а покрај тоа му требале 106 натпревари повеќе за да ја достигне бројката 400.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град