Дека Црна Гора станува препознатлива како дестинација во која се исплати да се вложува, покажува податокот дека инвеститорите ќе вложат околу 2,5 милијарди евра во 14 приоритетни туристички проекти, пишуваат Dnevne novine.
Најмногу планира да вложува, во црногорскиот туризам, швајцарскиот Orascom Development Holding, во проектот Lustice Bay Resort во Тиват. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува околу 1,1 милијарда евра. Станува збор за осум хотели, вили, апартмани, две марини, голф терен со 18 дупки, конференциски центар и други содржини.
Од друга страна, компанијата Adriatic Marinas само во 2015 година ќе инвестира скоро 32 милиони евра во проектот Porto Montenegro, а во план е почетокот на работите на Plav horizont. Оваа година ќе започнат и работи на изградбата на новиот хотел на Кралската плажа, кој ќе го гради компанијата Adriatic Properties, а се проценува дека инвестицијата ќе чини 54 милиони евра.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град