Уапсен член на “Пинк Пантер”

Бандата“Пинк Пантер” е позната по кражби на дијаманти

 |  инфодеск  | 

Уапсен е член на познатата банда “Пинк Пантер”, по потекло Србин, во близина на Мадрид, соопшти шпанската полиција.

Борко Илинчиќ (33) учествувал во кражбата на накит во трговскиот центар во Дубаи 2007 година, што е една од најпознатите кражби во историјата, додава полицијата во соопштението.

Шпанската полиција објавила снимки на кои се гледа маскиран маж како го крши излогот од продавницата, го собира пленот и со двајца соучесници бега во луксузен автомобил.

По Илинчиќ е распишана меѓународна потерница. Во Емиратите тој е осуден во отсуство на доживотен затвор за таа кражба.

Илинчиќ, кој имал лажен босански пасош е уапсен во Алакала де Енарес, во предградието на Мадрид.

Бандата “Пинк Пантер” како што се проценува брои околу 220 членови, а припадниците се претежно од просторите на бивша Југославија. Оваа криминална организација стекна репутација на професиналци за кражби, затоа што напаѓа луксузни продавници за накит во цел свет. Се проценува дека бандата украла накит вреден 250 милиони евра во последните десет години.

Името го добила од британската полиција по една кражба во Лондон 2003 година. Тогаш украле дијамант кој го сокриле во крема за лице, како во еден од хумористичните филмови “Пинк Пантер” на режисерот Блејк Едвардс, со Питер Селерс во главната улога на инспекторот Клузо.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top