По четири месеци истрагата е завршена

Откриена вистинската причина за смртта на актерот

 |  инфодеск  | 

Истрагата која траеше четири месеци, конечно открива кои се причините за смртта на славниот Пол Вокер.

Познатиот актер починал од последица на брзо и несигурно возење, а не поради неисправен автомобил како што на почеток се верувало.

Поршето GT со кое управувал пријателот на Пол Вокер било во исправна состојба и немало никакви оштетувања.

Причината за несреќата била пребрзо возење во населено место каде ограничувањето било 45 миљи на час, додека пријателот на Пол возел помеѓу 81 и 94 миљи на час. Возилото изгубило контрола и се забило во дрво, пишува US Weekly.

Иако нема службена потврда, портпаролот на шерифот на Калифорнискиот округ рекол дека наскоро се ќе се објави во медиумите.

Кобниот датум Пол Вокер бил во Северна Каролина да учествува во добротворната приредба на неговата организација ‘Reach Out WorldWide’ по повод да даде поддршка за жртвите од тајфунот на Филипините.

Тој и неговиот пријател Роџер Родас починале на лице место во трагичната автомобилска несреќа. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top