Цената на барел нафта вчера на меѓународните пазари достигна 59 долари, притиснати со порастот на американските резерви и можното зголемување на производството во Саудијска Арабија, што го поттикна стравувањето од прекумерно производство.
На Лондонската берза цената за барел нафта падна 1,52 долари во однос на претходниот ден на 59,01 долари. Ден порано имаше скок до на најголемо ниво во последните два месеци, од 63 долари.
На американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по 2,1 долари пониска цена во однос на претходниот ден, од 50,04 долари.
Вниманието на пазарот во четвртокот беше на извештајот од Американскиот институт за нафта (API) кој покажал скок на резервите во однос на претходната недела за дури 14,3 милиони барели, значително повеќе од она што се очекувало. Ако ги потврдат овие податоци од владата, кои ќе бидат објавени во следните денови, тоа ќе биде најголем скок на резервите од 1982 кога и официјално се собираат овие податоци.
“Резервите биле прекинувач за остриот пад на цената. Во фокусот повторно е презаситеност на пазарот, но прашање е колку долго тоа ќе трае”, коментира Carsten Fritsch од франкфутската Commerzbank.
Додатен притисок, спрема пресметките на консултантската куќа PIRA, е производството на најголемиот извозник Саудијска Арабија кое се ближи на ниво од 10 милиони барели дневно.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град