Цената на нафтата расте втора седмица по ред

Се очекуваат економските показатели од Кина кои ќе покажат дали цената и понатаму ќе расте

 |  инфодеск  | 

Цената на нафтата на светските берзи минатата седмица растеа, втора седмица по ред, бидејќи инвеститорите се надеваат на намалување на производството и зголемување на побарувачката.

На лондонската берза цената за барел нафта во петокот изнесуваше 38,72 долари, што е за околу 10% повеќе отколку пред една седмица. На американските берзи минатата седмица заврши со 5,5% повисока цена, односно 34,57 долари.

На овој начин продолжи опоравувањето на цената на црното злато откако во февруари падна на најниското ниво во последните 12 години, на околу 26 долари по барел. Од тогаш до сега цената скокна за околу 40%. Опоравувањето на цената е благодарение на надежта дека некои од светските производители ќе го замрзнат производството на нивото од февруари.

Од друга страна, соопштението на компанијата Baker Hughes покажа дека во САД веќе 11 надела по ред се намалува бројот на бушотини кој достигна осум и е на најниско ниво од крајот на 2009 година. На пазарот на нафта позитивно се одрази и растот на американската економија, по успорувањето во последното тромесечие.

Поради тоа инвеститорите се надеваат дека цената на нафтата го достигна своето дно и сега има простор за раст. Но, аналитичарите се внимателни по прашањето дали има простор за понатамошен раст на цената на нафтата.

“Оваа седмица се очекуваат низа показатели на економијата во Кина, најголемиот светски потрошувач, која ќе одреди дали може да продолжи овој раст на цената на нафтата”, порачуваат аналитичари од ANZ банката.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top