Поради преголемата глобална понуда, од средината на 2014 година, цената на нафтата е повеќе од преполовена. Покрај тоа, побарувачката опаѓа како последица на економската слабост на најголемите потрошувачи како Кина и другите земји со забрзан економски раст. Но, по најновиот пад на цената на нафтата, на пазарот донекаде е мирно. Во понеделникот цената изнесуваше 40,6 долари по барел, најниска во последните седум години, а во меѓувреме сепак се врати на 40,94 долари по барел. До ова дојде поради одлуката на Организацијата на земји членки извознички на нафта (OPEC) донесена на 04.12 да ја задржи својата политика за зголемено производство. OPEC со тоа сигнализираше дека ја напушта својата долгогодишна стратегија во криза да го ограничува производството, оценува Sanjiv Shah, главен стратег во лондонската советничка компанија Sun Global Investments.
Светската банка за следната година предвидува мала светла точка за земјите кои произведуваат нафта и предвидува просечна цена од 51 долар по барел за 2016 година. Тоа би значело еден долар помалку од очекуваната просечна цена за 2015 година, пишува DW.
Eugen Weinberg, специјалист за суровини на германската Commerzbank смета дека по одлуката на OPEC цените на нафтата ќе останат подолго на дното отколку што се мислело. “Тоа ќе ги погоди не само земјите на OPEC туку и Русија, Мексико и Норвешка, a меѓународниот монетарен фонд смета дека проблеми ќе имаат и земјите Венецуела, Ирак и Нигерија”.
Се очекува дека понудата на нафта ќе остане обилна, предупредува светската банка. Причина за тоа е враќањето на пазарот на уште еден голем производител а тоа е Иран.
Експертите дури предвидуваат дека цената на нафтата ќе се најде под уште поголем притисок. “Повторно се споменува цената од 20 долари по барел”, пишува во соопштението на “Energy Aspects”. Во интервју за DW, Spencer Welch, експерт за нафтениот пазар од лондонската компанија IHS, потврдува дека цената на нафтата би можела додатно да паѓа. “Ако цената на нафтата падне на 20 долари по барел, понудата би се намалила и на тој начин цената може повторно да се зголемува”, изјавил Welch.
“Ниските цени на нафтата и гасот во многу индустриски земји, вклучувајќи ја и Германија, делуваат како стимулативен пакет за економијата, заклучува Eugen Weinberg.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град