Цената на нафтата, која е сега на најниско ниво во последните шест години се очекува и понатаму да паѓа во светски рамки.
David Kotok од американската консултантска компанија Cumberland Advisors мисли дека најлошото допрва доаѓа.
“Би можеле повторно да дојдеме до 15 или 20 долари за барел, но не знаеме сеуште каде е дното”, рекол Kotok за Bloomberg TV.
Во моментов барел нафта се движи помеѓу 42 и 48 долари.
Иако индустријата на нафта се надева дека состојбата ќе се поправи, Kotok смета дека тешко ќе дојде до пресврт. И покрај многу ниските цени на нафтата и бензините, во Америка сеуште не се чувствува зголемената лична потрошувачка.
“На потрошувачите им е потребно повеќе време да сфатат дека на подолг период поради ниските цени на горивата ќе имаат повеќе пари во домаќинствата. Ќе почнат да трошат повеќе кога ќе увидат дека тоа не е тренд кој трае недела или две”, порачал Kotok а пренесува Business Insider.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град