Брусница – природен антибиотик

Долг е списокот за што сѐ е корисна брусницата

 |  инфодеск  | 

По мислењето на експертите брусницата е најздравото овошје во ланецот на прехранбената индустрија. И традиционалната медицина оддава признание на ова растение бидејќи има силно антибиотско дејство. Богата е со витаминот С, кој и дава специфичен киселкаст вкус.

Потекнува од Северна Америка, каде староседелците ја користеле како лек за многу болести. Индијанците им ја откриле на доселениците во првата половина на 17 век а во Европа е донесена многу подоцна. Денес брусницата е најбарана во велика Британија, Франција и Германија, а највредна земјоделска култура е во американската држава Масачусетс која е главен светски производител.

Освен витамин С, содржи и големо количество на витамин А, минерали, целулоза и многубројни хранливи материи. Може да се јаде свежа, сува, замрзната, а најчесто се конзумира како сок. Истражувањата покажале дека три чаши дневно го зголемуваат нивото на антиоксиданти и на добриот холестерол (HDL), така што се намалува ризикот од болести на срцето и крвните садови за 40%. Хипуричната киселина од ова растение делува како природен антибиотик со изразени дејства против габи. Антоцијанините и проантоцијанините помагаат во обновувањето на ќелиите, кои се одговорни за чувството за вид. Благодарение на минималното количество на шеќер, ја намалува глукозата во крвта и се препорачува на дијабетичарите.

Во народната медицина, брусницата се користи за лечење на уринарни инфекции, а научните истражувања покажале дека кондензираните танини кои се наоѓаат во брусницата спречуваат влегување на бактерии во уринарниот канал, мочниот меур и бубрезите. Ако веќе дошле некако таму, сокот од брусница го спречува нивното лепење за ѕидовте на уринарниот тракт, поради што полесно се исфрлаат надвор.

Она поради кое брусницата стана прав хит меѓу европските потрошувачи е успешното делување на најчестата и најнезгодна бактерија – ешерихија коли.

За брусницата се тврди дека е изузетно ефикасна и против бактеријата Helicobacter pylori, која во најголем процент е виновна за појавата на чир на желудник. Но, за да се елиминира во потполност треба секојдневно, повеќе месеци, да се пие нејзиниот сок. Докажано е дека има и антиканцерогени својства, состојките во неа го сузбиваат растот на ќелиите на ракот и нивното ширење во организмот.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top