Бројот на бегалци во ЕУ премина еден милион

На пат кон Европа загинале или исчезнале 3.600 луѓе

 |  инфодеск  | 

Бројот на бегалци и имигранти кои по копно или море пристигнале во ЕУ премина еден милион, а 3.600 на тој пат загинале или исчезнале, објави агенцијата за бегалци на Обединетите нации (UNHCR) и Меѓународната организација за миграции (IOM).

Половина се Сиријци кои бегаат од војната, 20% се Авганистанци, а 7% Ирачани, соопштиле двете агенции во заедничкото соопштение.

Од 1.005.504 доаѓања во Грција, Бугарија, Италија, Шпанија, Малта и Кипар до 21 декември, големото мнозинство од 816.752 пристигнале по морски пат во Грција, се вели во соопштението.

“Знаеме дека миграциите се неизбежни, тие се нужни и потребни”, рекол директорот на IOM William Lacy Swing. “Но, не е доволно само да се бројат оние кои пристигнуваат или оние кои годинава исчезнаа или се удавија во морињата. Мораме и да дејствуваме. Миграциите мораат да бидат легални и безбедни како за имигрантите, така и за земјите кои ќе станат нивни нов дом”, додал тој.

UNHCR очекува дека сличен прилив ќе продолжи и во 2016 година, но портпаролот на IOM Joel Millman вели дека е невозможно да се предвидат бројките.

“Тоа зависи од многу работи, расплетот на војната во Сирија и режимот на заштита на европските граници за кои моментално се размислува”, рекол Millman и истакнува:”Не се надевавме на толку голем број. Само се надеваме дека спрема тие луѓе ќе се однесуваат достоинствено”.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top