Бродот на Тито оди под морето во туристички цели

До крајот на годината ќе се потопи бродот на некогашната воена морнарица со кој пловел и Тито

 |  инфодеск  | 

До крајот на годината ќе се потопи бродот “Вис” на некогашната југословенска морнарица со кој пловел и Тито на длабочина од околу 30 метри, а кој е во сопственост на Арсен Брајковиќ.

“Тоа би бил брод на кој ќе можат да нуркаат почетници кои имаат лиценца за длабочина на нуркање од 18 до 20 метри. Значи, ова би бил најплиткиот потопен брод во Европа каде почетниците нуркачи можат да нуркаат”, рекол сопственикот на бродот.

Како што пишува Novi list, бродот ќе биде нуркачка дестинација и за почетници, но и за искусни нуркачи, а бродот ќе заврши на дното во Премантура во близина на р’тот Камењак во Истра.

Бродот е купен за околу 100.000 евра, а досега се вложени близу половина милион евра, но тоа е само една осмина од средствата колку што е потребно да се вложат во него за да му се врати стариот сјај. Затоа сопственикот решил бродот да се потопи во туристички цели, бидејќи и тоа е подобро отколку да се плаќа лежарина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top