Две лица се загинати, 13 се повредени а 107 се водат за исчезнати во бродоломот на јужнокорејскиот траект на кој биле 470 патници а меѓу нив најмногу средношколци кои патувале на училишен излет.
Замнеикот министер за сигурност и за јавни услуги Lee Gyeong-Og рекол дека се спасени 368 лица од вкупно 477 колку што биле на траектот. На бродот имало 324 средношколци и 14 професори и 29 членови на екипажот, а траектот перевезувал и 150 автомобили.
“Траектот е скоро потполно под вода”, изјавил министерот.
Во акцијата за спасување учествуваат 18 хеликоптери и 34 воени бродови, спасени се 368 лица, вклучувајќи ги 13 повредени, но бројот на жртвите може да порасне затоа што се старвува дека е голем бројот на исчезнати кои останале заробени во траектот.
Средношколците патувале на излет на островот Jej, познато туристичко место кое го нарекуаваат и како јужнокорејски Хаваи, стотина километри јужно од корејскиот полуостров.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град