Велика Британија ја одобри модификацијата на човечките ембриони во состав на истражувачкиот проект во најрана фаза на човековиот развој, со што на научниците ќе им се овозможи да сфатат на кој начин ембрионот се развива во првите седум дена, пишува BBC.
Само една година откако кинеските научници предизвакаа гнев известувајќи ја јавноста дека успешно замениле DNK на човечки ембрион, др. Kathy Niakan, експерт за матични станици на лондонскиот институт Francis Crick од регулаторите побарала дозвола за генетско модифицирање на човечки ембриони. Владината агенција за оплодување и ембриологија ја известила дека барањето е одобрено во склад со законот кој допушта експериментирање на ембриони, а кои треба да бидат уништени во рок од 14 дена.
Во соопштението на агенцијата стои дека ембрионите ќе бидат користени само во истражувачки цели и дека ќе се следат првите седум дена на развојот на оплодената јајце клетка.
Др. Niakan во истражувањето ќе користи техника на геномско уредување CRISPR-Cas9, која од прв момент е предмет на остра меѓународна расправа поради стравот дека би можела да се користи за генетска манипулација со човечки ембриони и за “креирање на дизајнирани деца по нарачка”.
Во истражувањето би требало да се користат само донирани ембриони, кои ќе настанат како вишок за време на постапката на вештачкото оплодување.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град