BBC и SkyNews утрово прогласија победа на опцијата која се залагаше за напуштање на Европската унија.
Спрема прогнозите на тие медиуми, за Брегзит гласале 52% Британци и така би требало да остане, доколку во финалното броење не дојде до некои драматични промени.
На референдумот излезноста била нешто помалку од 72% и за излегување од ЕУ гласале преку 17 милиони, додека за останување во ЕУ еден милион помалку.
За време на ноќта неколку пати предноста се движеше на различни страни, а во еден момент беше и нерешено, па Британците се прашуваа што ќе се случи доколку навистина исходот заврши нерешено.
За ставот на неверување придонесе и лидерот на партијата која се залага за независно Обединето Кралство, Најџел Фараж, кој по затворањето на гласачките места рекол дека постојат јасни сигнали дека опцијата за останок во ЕУ ќе однесе победа. Неколку часа подоцна тој повторно се огласил прогласувајќи го 23 јуни како ден на независност на Велика Британија со зборовите дека ова е победа на обичниот народ.
Набрзо изјава дала и ледерката на шкотската SNP Никол Старџон, која истакнала дека Шкотска го кажала своето (62% за останување во ЕУ), што понатаму имплицира дека овој референдум нема да е последен. Напротив, треба да се очекува повторување на иницијативата за независност на Шкотска.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град