“Brexit” би можел да биде одложен

Не знаат кои прашања треба да се стават на маса за да започнат преговорите

 |  инфодеск  | 

Владата на британската премиерка Тереза Меј известила дека има намера да се повика на членот 50 од Лисабонскиот договор на почетокот на 2017 година. Примената на членот отвора период од преговори од две години по што одредена членка ја напушта унијата. Ако членот се примени на почетокот на 2017 година нејзиното излегување од ЕУ ќе биде на почетокот на 2019 година, појаснува АFP.

Но, Sunday Times пишува дека британските министри ги предупредиле официјалните лица од финансискиот сектор City дека примената на членот 50 може да се отствари дури кон крајот на 2017 година што реализацијата на Brexit би се одложила за крајот на 2019 година.

“Министрите сметаат дека примената на членот 50 би можел да се одложи до наесен 2017 година” рекол за Sunday Times извор од City кој тврди дека за тоа разговарал со двајца министри.

“Тие едноставно немаат инфраструктура од луѓе кои би требало да ги ангажираат за ова прашање, рекол изворот. “Тие велат и дека не знаат кои прашања треба да се стават на маса за конечно да започнат преговорите со Европа”.

И еден неименуван член на британскиот кабинет рекол дека “извесна препрека” претставува и изборниот календар на Франција и Германија.

Два круга на претседателски избори во Франција се одржуваат на 23 април и 7 мај, а изборите во Германија се на есен во 2017 година.

По референдумот одржан ан 23 јуни на кој Британците со мнозинство се изјаснија за излегување од ЕУ, премиерката Меј, која на таа функција го наследи Дејвид Камерун, основа посебно министерство задолжено за надзор на преговорите со ЕУ. Но, министерот на тоа министерство Дејвид Дејвис досега успеал да ангажира само половина на потребниот персонал.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top