Како Босанците ги “зезнаа“ Панини и Фифа

Секои четири години се пополнува Панини албум

 |  инфодеск  | 

Во време на интернет, покрај вистинскиот албум со самолепливи сликички, Фифа, Панини и главниот спонзор Кока-Кола, одлучиле да го активираат проектот за онлајн собирање на сликички. Секој ден на интернет, љубителите на Панини можат на интернет страницата од Фифа да лепат сликички на светските фудбалери.

Идејата за овој проект со познатиот слоган Fair Play, Фифа направила и правила кои учесниците на оваа интересна игра мораат да ги почитуваат. Фифа и Панини, првиот ден појасниле дека, кога го покренале проектот со онлајн албумот, целта била со оваа игра да шират љубов и пријателство помеѓу љубителите на фудбалот ширум светот.

Правилата на Фифа е да се наполни албумот некаде до крајот на месец август а притоа учесниците имаат, дневно, право на бесплатни три пакетчиња од по пет сликички и едно додатно пакетче со решавање на квиз од областа на мундијалите и фудбалот. Притоа можат да се користат и кодовите од капачињата од Кока-Кола.

Албумот се состои од 424 сликички а сите дупли сликички можат да се разменуваат помеѓу учесниците ширум светот.

Сето ова Фифа и Панини добро го смислиле, но не сметале на една друга работа. Не знаеле дека во Босна сепак постои некој кој во еден ден ќе уништи еден ваков проект на светските компании Панини, Кока-Кола и Фифа, и ќе им го пополни албумот за само еден ден.

Имено, Босанците сфатиле дека Фифа и Панини пакувањата со сликички ги делат спрема временски зони, па така на пример кога Фифа ќе прати сликички на некого во Хаити, така „Мујо од Завидовиќи“ го менува местото на живеење и станува жител на Хаити. И така за да пополнат албум на Панини ја менуваат својата националност 24 пати во денот.

Но, Фифа го воочила ова и превземала соодветни мерки иако биле зачудени како е сето тоа можно. Десетина дена подоцна Панини ги поништил албумите кои биле пополнети со манипулација и сега „Mујо“ мора одново да пополнува онлајн албум на Панини.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top