90 бомбаши самоубијци спремни за напади ширум Европа

NY Times добиле увид во интерното соопштение на француската полиција

 |  инфодеск  | 

Француската полиција е во лов на џихадисти во својата земја, но и на целиот континент и од ден на ден објавува нови информации од своите интерни соопштенија. Тоа што е сигурно, е дека терористите напредуваат во техниката на шифрирање и изработка на експлозивни направи во намера отстварување на своите цели.

Спрема информациите од соопштението до кое дојде NY Times во Европа има 90 бобаши самоубијци кои се спремни за напади во најголемите европски градови.

Во споменатото соопштение се наведуваат плановите на џихадистите кои вклучуваат и ангажман на фалсификатори на документи и шверц на експерти за експлозиви од Сирија во Европа.

“Бомбите кои тие ги користат е многу лесно да се направат. Трагите на истите експлозиви се пронајдени на секое место на кое е нападнат Париз. Користен е експлозив од типот TATP кој е можно да се направи од материјали за домашна употреба – ацетон или избелувач. Кога тие ќе се измешаат стануваат нестабилни. Оној што се занимава со тоа многу добро знае што прави”, стои во соопштението.

Во соопштението се додава дека причина поради која терористите слободно шетаат низ Европа е слабата контрола на границите, а во полза им доаѓа и непостојаниот квалитет на комуникации помеѓу земјите членки на унијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top