Сменетата политичка елита, блиски на претседателот Јанукович, бега со своите фамилии на запад, а на многу од нив омилена дестинација им е Австрија. По екс премиерот сега во Австрија допатувал и гувернерот на Народна банка на Украина Серж Клијев. Спрема пишувањата на виенскиот дневник “Kronen cajtung” Австрија важи за засолниште на богатите Украинци, во кое можат да водат безгрижен живот во егзил.
Многу личности блиски на Јанукович во изминатите години си обезбедиле сигурно засолниште во елитниот дел на Виена и Долна Австрија. Од избивањето на кризата во Украина безбедносните власти на Австрија забележале пораст на патувањата на богатите приврзаници на Јанукович. Како пример, неодамна сменетиот премиер Микола Азаров ги посетил својот син и снаа во Виена.
Само пред два дена со приватен авион на Виенскиот аеродром слетал и Серж Клијев, кој поседува вила во Виена.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град