Блокирани сите бази на Крим

11000 припадници приклучени на самоодбраната

 |  инфодеск  | 

Премиерот на Автономната Република Крим Сергеј Аксјонов изјавил дека проруските сили ги контролираат сите стратешки приоди на полуостровот и дека се блокирани сите украински бази.

Аксјонов рекол дека на безбедносните сили и на полицијата им се приклучиле 11000 припадници на самоодбраната.

Се верува дека ако не се сите, тогаш мнозинството од нив се Руси, иако рускиот претседател и министерот за одбрана демантираа дека упатиле воени сили на Крим, пишува агенцијата АР.

Аксјонов исто така рекол дека неговата влада е во постојан контакт со руски функционери.

Кримските власти во неделата објавија дека мнозинството од украинските сили застанале на страната на проруските сили без ниеден испукан куршум и ги предупреди командантите на неколку единици кои останале верни на Киев дека ќе бидат обвинети за одговорноста доколку одбијат да се предадат.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top