Се ближи крајот на мистеријата за исчезнатиот авион?

Откриен сигнал во Индискиот океан

 |  инфодеск  | 

По еден месец трагање по исчезнатиот малезиски авион, кинески патролен брод воочил сигнал на фреквенција од 37,5 kHz, во јужниот дел од Индискиот океан, што би можел да одговара на сигнал од црната кутија од исчезнатиот авион, известила кинеската агенција Xinhua.

Десетици бродови и авиони се придружија во трагањето и операцијата влезе во својата најинтензивна фаза бидејќи наскоро ќе се потроши батеријата која овозможува емитирање на сигнал од црната кутија, но засега нема доказ дека тој сигнал одговара на тој од MH370.

Веќе еден месец од исчезнувањето на малезискиот авион трагањето не даде конкретни резултати, поради тоа што подрачјето е изузетно големо, но малезиските власти не се откажуваат во намерата да го пронајдат авионот.

Малезија формирала три одбори за да се пронајде што побрзо авионот, од кои еден е задолжен да биде со роднините на патниците, другиот го надгледува истражниот тим, а третиот одбор е задолжен за распоредување на истражувачките тимови.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top