Се ближат празници, проверете дали пиете премногу

Најдобро време за размислување какви ризици носи алкохолот

 |  инфодеск  | 

Се ближат месеци со многу празници па не би било лошо да се размисли за тоа колку пиете или колку ќе испиете, како и тоа какви ризици носи тоа со себе. Indipendent издвои неколку прашања на кои можете и сами да си одговорите и да проверите дали пиењето на алкохол ви претставува проблем.

Колку единици алкохол дневно би требало да конзумирате? – за мажи се препорачува 3-4 единици во денот, додека за жени 2-3 единици. Исто така, се препорачува секој да има два или три безалкохолни денови во неделата. Луѓето често не се свесни колку единици има некој одреден пијалок и лесно се надминуваат ограничувањата. На пример, една мала чаша вино има 1,4 единици алкохол.

Дали алкохолот влијае различно кај мажите и кај жените? – Дневните количини на алкохол за мажите и жените се различни бидејќи жените алкохолот го процесуираат различно. Имено, ако маж и жена земат иста количина на алкохол, жената ќе има поголемо ниво на алкохол во крвта. Причината лежи во фактот дека жените апсорбираат повеќе алкохол од мажите што пак значи дека им е потребно повеќе време за ослободување од него.

Колку смее да се пие во фаза на бременост? – Пиење алкохол за време на бременост е поврзано со низа физички и бихевоиорални проблеми кај децата. Наједноставен начин да се намалат овие ризици е комплетно исфрлање на алкохолот за време на бременост.

Дали кафето влијае на трезнењето? – Кафето и кофеинот во него може да делува да ве одржува будни, но тоа воопшто не влијае на нивото на алкохол во крвта.

Колку смеат да пијат возачите? – Неодамна во Македонија се донесе закон каде дозволената граница на алкохол во крвта кај возачите е нула промили, така што најбезбедно е воопшто да не се конзумира алкохол за време на празниците.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top