Слично како во аквариум, сѐ се сведува на приказната за тоа како големите риби ги јадат помалите, а единствена разлика е што овде се работи бизнис превземање на компании на кои не им оди добро а некогаш биле големи.
Практично е невозможно да се следи кој, кога, и за колку го купува, но на крај, по она што може да се заклучи, ќе останат неколку големи играчи кои ќе соберат сѐ што вреди на пазарот и ќе го диктираат глобалното однесување во IT и телекомуникацискиот сектор. Најдобар пример е последната вест, спрема која, Lenovo сака да го купи BlackBerry, откако ја купи Motorola, со што повеќе од јасно дава до знаење дека освен пазарот на компјутери и таблети, и тоа како го интересира и пазарот на паметни телефони.
И додека некогаш BlackBerry беше синоним за квалитет на смартфон, со напредни можности, денес компанијата е пред пропаст. Уделот на пазарот за смартфони им е само 2,7% и нешто мора да се менува, инаку пропаѓањето е неизбежно. Од друга страна Lenovo бележи пораст во сегментот на продажба на смартфони кој во моментов е 4,7% со тенденција за раст.
Меѓутоа оваа потенцијална бизнис трансакција не е интересна само во играта со пари, во прашање се и безбедносно-политичките аспекти и тоа помеѓу земји кои никогаш не биле, а ниту ќе бидат, добри пријатели. Првиот проблем е тоа што Lenovo е една од ретките приватни компании во Кина, што му ја олеснува работата на пазарот, а другиот и многу поголем проблем е фактот дека околу половина милион BlacBerry користи Министерството за одбрана на САД, а околу еден милион вкупно се користат во разни државни служби на САД. Така, потенцијалната продажба на BlackBerry на Кинези, во време на општа параноја, би можело и тоа како да ја разниша безбедносната самодоверба на најголемата сила во светот, како што милува Америка да вели.
Поради сето ова горе наведено, штом се појави информацијата за потенцијална продажба, нагласено е дека владите на САД и Канада, ако дојде до понуда од страна на Lenovo, вниателно ќе ги согледаат сите елементи.
Ова ќе биде приказна која би можела да е многу интересна, а едно е сигурно дека BlackBerry официјлно огласи дека е на продажба и понудите се очекуваат до 4 ноември.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град