Бизарни прописи кои звучат неверојатно во 21 век

Во некои делови на светот бакнувањето чини многу

 |  инфодеск  | 

Бакнежот на јавно место во многу земји може скапо да ве чини. Колку и да звучи неверојатно за 21 век, сепак тешко е разбирливо дека во Западна Европа сеуште владеат пуритански прописи од пред Првата светска војна.

Така, во Франција, на пример, и понатаму важи закон од 1910 година со кој се забранува бакнување на пероните од железничките станици. Целта била, своевремено, да се оневозможи доцнење на возовите, но законот не е укинат ни во време на супер брзите возови. За кршење на овој закон не е предвидена драконска казна, но важат наредбите во ист момент да се напушти станицата.

Казна за бакнување може да се добие и во Италија. Таму важи закон за забрана на бакнување во автомобил, а причината е безбедност во сообраќајот. Казната за овој прекршок е 500 евра.

На славниот британски универзитет Оксфорд е забрането бакнување во кампусот, па е одредена зона за бакнување во локалната менза.

Во исламските земји ова не се толерира воопшто пред очите на јавноста па така во Истанбул во ресторан е побарано од еден британски брачен пар да седнат еден наспроти друг, а не еден до друг, додека во внатрешноста на земјата, јавното бакнување може да донесе сериозни проблеми.

Во Емиратите бакнување пред други е апсолутно исклучено дури и во најпосетуваните летувалишта а ова важи и за брачни парови. Во 2010 година, британски брачен пар се бакнувал во ресторан и затоа добиле 1 месец затвор. Во Дубаи за неприкладно однесување се смета и прегрнувањето, танцувањето, пуштањето на гласна музика и слично. 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top