Во битка со времето црните кутии од летот QZ8501 ќе се бараат со подморници

Започна потрагата по црните кутии

 |  инфодеск  | 

Бродови опремени со сонари и детектори за сигнали од црните кутии тргнаа во потрага по остатоците на паднатиот Airbus A320-200 на компанијата AirAsia.

Смирувањето на временските неприлики овозможија покренување на опсежна потрага по остатоците на паднатиот авион на AirAsia и црните кутии во кои би требало да се наоѓаат податоците кои ќе ги расветлат околностите и причините за несреќата која се случи во неделата на летот QZ8501.

Бродовите ќе пребаруваат подрачје со големина од 5.400 квадратни километри. Каде беа пронајдени помали делови од авионот и десет тела од 162 патници и членови на екипажот колку што биле на несреќниот лет.

“Приоритет е да се пронајде трупот од авионот и уредите кои содржат записи за летот”, изјавил Bambang Sulistyo, водач на индонезијската национална спасувачка агенција.

Во споменатото подрачје се наоѓаат најмалку три индонезијски бродови, еден сингапурски и еден американски, а во потрагата учествуваат и нуркачи на морнарицата на Индонезија. “Се надеваме дека денес ќе имаме значајни резултати”, изјавил Bambang.

“Во трка се со времето. Сигналите од црните кутии обично емитираат околу 30 дена и ако дотогаш не ги лоцираме ќе мораме да употребиме подморници кои далечински ќе ги управуваме за да ги лоцираме, што ќе биде многу потешка задача”, изјавил Tatang Kurniadi лидер на Националниот совет за безбедност на Индонезија. Тој додал и дека во пошироката потрага учествуваат 17 летала и 29 бродови.

На трагичниот лет QZ8501 се наоѓаа 155 патници и седум членови на екипажот, а во досегашната потрага не е пронајден ниту еден преживеан.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top