Бесплатни гигабајти на Google Drive за денот на безбеден интернет

Google на ист начин и минатата година делеше бесплатни гигабајти

 |  инфодеск  | 

Google сака безбеден интернет, а ако му се помогне во намерата да ги обезбеди вашите профили, по повод денот за безбеден интернет, наградува со додатни 2GB простор на Drive.

Но, за да ги добиете, Google бара подобро да го обезбедите вашиот профил.

Процесот е едноставен и ќе ви одземе неколку минути. Станува збор за преглед на податоците за изминатите пријави, освежување на безбедносните прашања и уредувањето на листата на уреди и апликациите кои имаат пристап на профилот.

За да ги добиете додатните 2GB на cloud просторот треба да се направи следното:

-Пријавете се на својот Google профил.

-Во горниот десен агол кликнете на Google Apps иконата.

-Кликнете на My Account па потоа Privacy Chekup.

-Проверети ги поставките на вашиот профил.

Откако ќе се направи ова ќе бидете наградени со додатен простор за чување податоци.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top