Бесни родители физички го нападнале премиерот

Национална трагедија во Јужна Кореја

 |  инфодеск  | 

Телохранителите на Chung Hong-won, премиерот на Јужна Кореја, морале да го спасуваат од побеснетите родители и фамилии кои панично трагаат по одговорните за судбината на исчесзнатите патници и деца по бродоломот на траектот со повеќе од 450 патници, од кои повеќе од 300 биле средношколци.

Имено, групата на очајни родители го опколила премиерот Hong-won, а потоа некој го гаѓал со шише вода. На друг владин фунционер, еден од родителите му удрил шлаканица пред сите, а тоа го забележаа и фоторепортерите.

Исто така , се појавија и вести дека очајните родители самоиницијативно изнајмуваат бродови и тргнуваат во потрага по најмилите. Капетанот на траектот Lee Joon-seok се наоѓа на испрашување.

Многу фамилии ја критикуваат власта. Татко на исчезнато дете, заедно со уште 10 родители, изнајмил брод и сите заедно со локален фоторепортер и нуркач, тргнале во самостална акција за спасување.

“Операција за спасување воопшто не постои. Спасувачите се присутни на местото на несреќата но воопшто не трагаат по преживеани, туку со сите сили пробуваат да спречат истекување на нафта. Сите сме многу лути! Медиумите тврдат дека е во тек акција за спасување, но тоа е обична лага !”, рекол очајниот татко за International Business Times.

На траектот биле 459 патници, од кои поголем број средношколци. Потврдена е смрт на девет патници додека 287 сеуште се водат како исчезнати, спрема последните податоци. Спасени се 179 патници.

Сеуште има надеж дека има преживеани во деловите на траектот каде би можело да има воздух, но секоја минута е скапоцена. Три огромни кранови се поставени околу потонатиот траект и се обидуваат да го кренат превртениот траект.

Причините за несреќата сеуште не се официјално познати , но сомнежите се дека траектот удрил во подводен гребен.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top