Бесмртен симбол на престиж

Приказна за Rolex

 |  инфодеск  | 

Rolex скоро едно столетие е синоним за рафиниран стил и престиж, симбол за квалитетно, убаво и пред сѐ скапоцено. По него посегнуваат оние кои успеале да се качат на самиот врв на славата и бизнис успехот. На тој начин покажуваат статус. Тој е дел од нивниот имиџ и животен стил. Високите цени од кои застанува здивот го оправдуваат со беспрекорна прецизност, убавина која ги надминува сите очекувања, па во состојба се да одвојат и по 50.000 долари за да покажат дека знаат да препознаат вистинска убавина и уметност на светските мајстори.

Приказната за Rolex започнала далечната 1908 година во Лондон. Го основал тогаш 24-годишниот Германец Hans Wilsdorf. Компанијата на почетокот се викала Wilsdorf&Davis, имајќи во предвид дека неговиот партнер бил и неговиот шура Davis. Во тоа време повеќето џепни часовници биле со швајцарско потекло, а проблем со кој секојдневно се соочувале бил како да ја задржат прецизноста на часовникот кој ќе се носи на рака. Освен тоа, се сметало дека часовник на рака на маж би изгледал премногу феминизирано. Wilsdorf очигледно бил пред своето време и не сакал слепо да го следи тогашниот тренд, бил перфекционист и како таков ги подобрил стандардите за продукција на часовници. Наумил да го трансформира целиот стил за создавање на часовници и да произведе помал, поелегантен и ефикасен часовник кој би ги заменил незграпните џепни часовници. Aegler, мала швајцарска компанија прифатила да го снабдува Wilsdorf со мали делови кои би биле составен дел на рачен часовник. Продукцијата на Wilsdorf опфаќала разни дизајни, од обични па сѐ до спортски.

Следните чекори на Wilsdorf биле да осигура точност и да пружи сигурност која се однесувала на отпорност спрема прав и вода. Бидејќи точноста ја осигурал одамна, се ориентирал на продукција на водоотпорен часовник и на тој начин ја започнал револуцијата на часовници. Набрзо се прославил и со водоотпорен часовник кој се промовирал во цел свет. Луѓето станале свесни за името Rolex и оттогаш Rolex станува симбол за квалитет и сигурност. Денес скоро секој производител на часовници го следи Rolex.

Тајната е во дуплото затворање кое штити од продирање на влага, прашина и вода. На светската јавност станал познат благодарение на презентацијата со помош на една млада Британка. Имено, Wilsdorf го препознал моментот за презентација  кога ѝ врачил еден примерок на една дактилографка, Mercedes Gleitze, која сакала да го преплива Ла Манш, непосредно пред стартот и пред фоторепортерите. Кога младата жена триумфално стигнала на целта, нејзиниот часовник Rolex Oyster и понатаму работел беспрекорно. Часовникот осамнал на насловните страници од весниците и предизвикал поголемо внимание од самата Gleitze.

Во 1931 година Wilsdorf оди чекор понатаму, изумен е роторот овозможувајќи самонавивање, а на Rolex му обезбедува вечна слава.

Седумдесет години подоцна, овој бренд се докажал како борец во најлоши можни услови. Првиот Rolex Explorer е произведен за првото успешно освојување на Монт Еверест во 1953 година а на чело на експедицијата бил John Hunt во друштво на Edmund Hillary и Sherp Tenzing. Часовникот преживеал и во тамата на морските длабочини со Jacques Piccard. Задржал точност при изразито ниски арктички температури, како и на високите сахарски, а ниту бестежинската состојба на далечната вселена не успеала да го поколеба во работењето.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top