Берлин стана прв град во светот кој има сопствен домејн, па компаниите и поединците во престолнината на Германија сега можат да регистрираат интернет адреса која ќе се завршува со .berlin, покрај досегашните .com, .org или .de.
Веб страница со адреса која завршува со .berlin ќе чини 50 евра годишно, пренесува AFP.
Градоначалникот на Берлин, Клаус Воврајт, на претставувањето на новиот домејн рекол дека тоа дава можност дигитално да се истакне дека Берлин е место каде некој живее или ги базира своите работни активности.
Претставникот на компанијата „.berlin” Дирк Крискеновски рекол дека ова ќе створи повеќе простор за разноликост, идеи и доделувања на имиња.
Неколку десетици големи градови се во процес на добивање на сопствени интернет домејни, како што се .paris, .nyc, .london и .rome.
Исто така, во план се и други германски градови да добијат свои домејни како Хамбург и Келн.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град