DLR, институтот за вселенски системи дизајнирал футуристички авион на ракетен погон кој би можел патниците од Австралија да ги превезе во Европа за само 90 минути.
Иако е малку веројатно дека овој систем ќе биде изработен до 2050 година, идејата е секако импресивна. Спрема SpaceLiner концептот, авионот на ракетен погон би бил лансиран во земјината стратосфера на висина од 80 километри каде поради густината на воздухот би можел да лета со брзина од 13.300 километри на час, пишува News.com.au.
Двостепениот концепт на конфигурација на вертикално полетување потпомогнат со голем генератор се состои и од главно тело дизајнирано за превоз на 50 патници и два члена на екипажот, напишал DLR на нивната страница.
Со вкупна должина од 83,5 метри и распон на крилата од 37,5 метри авионот ќе го забрзуваат 11 ракетни мотори кои работат со помош на криоген течен кислород и водород, а тоа значи дека при летањето на овој авион тој ќе испушта само водена пареа и водород.
Производителите веруваат дека овој вид на транспорт ќе биде изнимно популарен кај побогатите граѓани, но се надеваат со тек на времето дека ќе биде достапен за сите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град