Нискобуџетната авио-компанија РајанЕр (Rayanair), најави дека компанијата ќе воведе летови кон САД, за кои цената на билетот ќе биде десет евра. Оваа изјава ја дал лично извршниот директор на РајанЕр, Мајкл О’ Лири.
РајанЕр за почеток ќе лета од Европа до Њујорк и Бостон, најавил О’ Лири на годинешната конференција на ирските хотелиери одржана на 25-ти февруари, пренесува Дејли телеграф. Најефтиниот билет до САД ќе чини десет евра, додека билетот кон Европа ќе биде уште поефтин – ќе чини 7,3 евра. Сеуште не е познато од кои градови во Европа, РајанЕр планира да лета.
“Секако дека нема цената на билетот да чини 10 евра за сите места”, објаснува О’ Лири, “и сосема е сигурно дека повеќе седишта ќе има во бизнис и премиум класата”.
Тој додал дека статистиката на компанијата покажала дека 15% од патниците би прифатиле да платат поефтин билет под услов да плати за сите останати додатоци и сервиси на летот. Токму на тоа РајанЕр ќе проба да заработи повеќе пари, а не на цената на билетот.
“Ние можеме да заработиме дури и од продажба на билети од 1 евро на европските дестинации”, изјавил О’ Лири.
Тој објаснува дека првите летови ќе бидат воведени после пола година откако РајанЕр ќе ја пополни флотата со прекуокенски авиони. О’ Лири тврди дека компанијата во прекуокенската авантура ќе тргне со неколку десетици авиони.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град