Патики кои со апликација го менуваат својот изглед

Со патиките доаѓа и апликација која нуди цела галерија на различни примероци

 |  инфодеск  | 

David Coelho, дизајнер од Њујорк, на Indiegogo претстави ShiftWear патики кои на своите страни имаат флексибилен e-ink колор екран, а нивниот изглед ќе може да се менува со само едно кликнување.

Имено, Coelho замислил со патиките да доаѓа и апликација која ќе нуди цела галерија на различни примероци кои ќе можат да се активираат. Освен страничните фотографии, оние кои сакаат да привлечат повеќе внимание ќе можат да активираат и анимирани фотографии.

Батеријата во патиките ќе има времетраење од еден месец, ако се користи статична фотографија. Ако се извалкаат тие ќе можат да се перат во машина за перење, а самите патики ќе бидат во три различни верзии (ниски, средни и високи).

Почетокот за испорака се планира наесен идната година, а за цената од 150 долари за еден пар ќе треба да се додадат и трошоците за испорака.

Coelho ја надмина основната цел од 25.000 долари, а до денес имаат собрано скоро 42.000 долари за проектот.

На линкот можете да ја видите презентацијата на ShiftWear.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top