Apple вложува една милијарда долари во кинескиот Didi Chuxing, апликација за такси услуги, која во Кина има поголем пазарен удел од американскиот Uber, соопшти Apple.
Извршниот директор на Apple, Tim Cock наведува дека на ваков потег се одлучиле и поради подобро разбирање на конескиот пазар.
За Didi Chuxing, во минатото познат како Didi Kuaidi, ова е најголемата инвестиција во историјата.
Didi Chuxing има повеќе од 11 милиони возења дневно, а тоа значи дека пазарниот удел му достигнува 87%.
Од друга страна, американскиот Uber тешко се пробива на кинескиот пазар, па неодамна призна дека на тој пазар годишно губат повеќе од една милијарда долари.
Cock во соопштението истакнал дека гледа голем потенцијал во идната соработка помеѓу Apple и Didi Chuxing, а трансакцијата се смета и како прилика за подобро разбирање на кинескиот пазар.
Амбициите на Apple во Кина неодамна беа нарушени откако кинеските регулатори ги згаснаа неговите онлајн услуги со филмски и книжевни содржини, објаснувајќи го тоа со строгите правила за тоа што може да се објавува онлајн. Тој потег беше тежок удар за Apple на кој Кина за низа производи му е втор најголем пазар, веднаш зад американскиот.
Apple во првото тромесечие оваа година го забележа првиот пад на приходите на годишно ниво од 2003 и првиот пад на продажбата на iPhone од кога постои тој телефон, а притоа Кина е означена како слаба точка која придонесла за тоа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град