Компанијата од Cupertino очигледно е имуна на сите кризи и рецесии бидејќи од година во година константно рушат рекорди во бројот на продадени уреди, приходи, заработки…Без оглед на тоа дали сте љубител на Apple, нивната бизнис филозофија и производите константно даваат брилијантни резултати.
Како што е вообичаено во компаниите да ги собираат резултатите од минатата година, така и Apple објави официјално соопштение во кој се нагласува на извонредните бројки поврзани со нивниот репозиториум на апликации – популарниот AppStore.
Така, објавено е е дека AppStore во 2015 година сруши бројни рекорди бидејќи е забележана продажба на апликации во вкупен износ од 20 милијарди американски долари. Од тој износ, девелоперите на апликации за Mac OS X, iOS, Apple TV и Apple Watch в џеб ставија дури 14 милијарди УСД. На рекордите тука не им е крајот бидејќи AppStore во последните две недели сврте инпозантни 1,1 милијарди УСД, а и првиот ден од 2016 година донесе рекорд. Имено, на 1-ви јануари 2016 на AppStore за купување на апликации од AppStore се потрошени 144 милиони долари.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град