Apple долго време доминираше на светските берзи, но откако Alphabet ги објави резултатите за последниот квартал и за комплетната 2015 година – 21,3 милијарди долари приход во последните три месеци и заработка од 8,67 долари по акција, што е повеќе од очекуваните 20,3 милијарди и 8,09 долари по акција, цената на акцијата на оваа компанија порасна за околу 8%, со што по вкупната пазарна вредност го надмина Apple.
Alphabet, за оние кои не ја следат технолошката индустрија е Google, односно тие минатата година ја основаа оваа компанија која ги покрива сите нивни проекти, од пребарувачот, YouTube, Android па до автомобилите без возач. “Ова е значаен момент за Alphabet, но и за целокупниот технолошки пазар”, биле коментарите за случувањата на берзата. Но, треба да се напомене дека Google, односно Alphabet , не го дочека затворањето на берзата на првото место бидејќи цената на нивната акција сепак е нешто намалена така што Apple повторно остана највредна компанија со скоро 535 милијарди долари, додека пазарната вредност на Alphabet изнесувала 517 милијарди долари. Но, во тргувањето по затворањето на берзата цената на акцијата на Alphabet сепак достигнала вредност од скоро 570 милијарди долари и повторно го престигна Apple.
На CNN велат дека Alphabet е сега во налет и може да се очекува понатамошен раст на цената на оваа акција и таа може да стане прва компанија која ќе ја надмина бројката од еден билион долари вредност. Сепак, ова е тешко отстварливо, а прашање е дали ќе може да ја надмине неодамнешната паарна вредност на Apple од 775 милијарди долари вредност. Во тоа време Apple се чинеше недопирлив, но работите брзо се сменија, а со оглед на тоа дека Tim Cock немаше позитивни прогнози за првите три месеци од оваа година, се чини дека некое време наместо Apple на берзите ќе доминира Alphabet, односно Google.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град