Apple ги исполни очекувањата на новата презентација

Наскоро тргнува продажбата на новите модели

 |  инфодеск  | 

На вчерашната конференција во Сан Франциско Apple ги претстави токму оние уреди за кои медиумите пишуваа изминатите денови и немаше “уште некоја работа” на која бевме навикнати од оваа компанија. Иако немаше изненадување, се чини дека мнозинството новинари и љубители на Apple се задоволни од она што го видоа на претставувањето.

Новиот модел на iPad кој сега доаѓа со тастатура (се купува одделно), на пазарот изгледа повеќе како конкурент на класичните преносни компјутери отколку на таблетите и треба повеќе да ги привлече бизнис луѓето отколку обичните корисници. Неговата почетна цена е 799 долари, а кој сака додатна тастатура и пенкало, цената ќе надмине 1.000 долари, што е повеќе од просечен лаптоп. Ќе биде интересно да се види колкава ќе биде побарувачката за овој уред бидејќи продажбата на iPad е во константно опаѓање во последните квартали – иако iPadPro  кој е најнапредниот таблет на Apple на многумина сепак ќе им биде прескап.

Кога станува збор за телефоните на Apple од серијата Ѕ, обично станува збор само за надоградба на претходните модели кои не носат многу интересни новитети, но со претставувањето на моделите 6S и 6SPlus, Tim Cock рекол дека на нив промениле скоро сѐ. Од интересните работи кои ги носат новите телефони (дијагоналата на екраните останува иста 4,7 и 5,5 инчи) вреди да се издвојат три работи. Прво самиот хардвер, односно процесорот и графиката се многу поснажни во однос на процесорите од претходните модели кој е за 70% побрз, додека графиката е дури за 90% побрза од претходните модели, што овозможува побрза работа на уредите.

Втората работа е камерата – новинарите кои имаа прилика да ги испробаат новите модели немаа вистински услови за прав тест на камерата, но спрема она што можеше да се види за време на конференцијата, фотографиите снимени со новите модели (резолуција која сега изнесува е 12 МР) изгледаат фантастично. Исто така, интересен новитет е и опцијата LivePhotos која при снимање на фотографии снима неколку моменти пред и по снимањето, така што сликите на екранот на iPhone можат да се оживеат како кратки видеозаписи во траење од 1,5 секунди. Секако вакви фотографии завземаат многу простор па затоа оваа опција може да се исклучи.

Третиот и најважен новитет е 3D Touch технологијата која ја препознава силината на притисокот на прстот по екранот. Оваа опција може да се користи во самите апликации, но и на почетниот екран па така на пример, со лесен притисок на апликацијата за повици се отвора мало мени со фаворити од вашиот именик. Едноставно кажано, ова значи како да постои десниот клик на глувчето кај компјутерите. Новинарите кои ја испробале оваа интеракција со новите iPhone се задоволни од начинот на кој работи оваа нова опција за која рекле дека го забрзува работењето со телефонот, но и дека не е некоја револуција на паметните телефони.

Apple со iPhone 6 и 6Plus ги обори сите рекорди на продажба и сега имаат тешка задача – да го надминат минатогодишниот успех, но за Cock и екипата не и невозможна мисија. Продажбата на новите модели на iPhone започнува за две недели, а со оглед на фанатизмот на некои љубители на Apple нема да зачуди првите фанови да започнат со кампирање пред дуќаните на Apple веќе следната недела.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top