Апликација која ги загрозува Skype и WhatsApp

Сакаат да направат најдобра можна алатка за комуникација

 |  инфодеск  | 

Најновата апликација под името Wire е далеку повеќе од стандарден chat сервис, а бесплатно може да се превземе на Apple и Android маркетите. Таа овозможува синхронизација на повици, пораки, групни разговори, споделување на SoundCloud музика и како таква сериозно им се заканува на популарните Skype и WhatsApp.

Интерсно е тоа што, творецот на оваа апликација е Janus Fris, воедно и еден од основачите на Skype, а заедно со својот тим сака да направи најдобар можен алат за комуникација.

Иако најавија разни популарни функции, по пат на оваа апликација засега не е можно да се прават видео повици, но наскоро би требало да се појави и таа опција. За компанијата која стои зад Wire, безбедноста на корисниците е на прво место па затоа оваа апликација користи “end to end” енкрипција за повици, размена на пораки и медиуми. Компанијата моментално работи на HTML 5 верзија на оваа апликација, а наскоро во план е и PC верзија.

Оваа апликација бесплатно можете да ја превземете овде и да се уверите во сите предности кои таа ги нуди.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top