Акционерите на најголемите американски компании оваа година очекуваат рекордни 1.000 милијарди долари, бидејќи нивните управи поради состојбата на глобалната економија одлучиле да ги пренасочат парите на исплата на дивиденди и откуп на акции.
Овие акционери и минатата година отствариле 903 милијарди долари, од што на дивиденди е исплатено 350 милијарди долари додека на откуп на акции се потрошени 553 милијарди долари, покажале официјалните податоци на S&P кои ги пренесува The Financial Times. Се очекува дека овој износ оваа година ќе се зголеми за двоцифрен процент. Во просек дивидентите во последните четири години се зголемувале за 14 центи годишно. Бројни стратези очекуваат дека овој раст ќе продолжи и оваа година така што за дивиденди ќе бидат исплатени над 400 милијарди долари.
Истовремено во Goldman Sach прогнозираат дека вредноста на откупот на акции оваа година ќе достигне 604 милијарди долари.
Ако овие два износи се соберат, акционерите за прв пат ќе добијат повеќе од 1.000 милијарди долари. Така General Eletric најави дека за идните три години планира да исплати околу 90 милијарди долари, а аналитичарите очекуваат дека до крајот на месецот и Apple ќе ја зголеми исплатата на дивиденда за 50% која тежи 130 милијарди долари.
Токму Apple е под притисок на акционерите кои бараат поголемо парче од колачот од одличната добивка.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град