Американскиот претседател ја призна својата најголема грешка

Барак Обама ги откри својот најдобар и најлош ден во својот мандат

 |  инфодеск  | 

Американскиот претседател Барак Обама рекол дека најголема грешка во својот осумгодишен мандат е хаосот кој настана во Либија по уривањето на Моамер Гадафи, но исто така утврдил дека интервенцијата во Либија била исправна одлука.

“Требаше да интервенираме, но не се припремивме за она што следеше потоа”, признал Обама во интервју за Fox News.

САД и другите западни држави во 2011 година за време на востанието против Гадафи извршија низа воздушни напади за да го “заштитат населението”. Но, откако Гадафи беше убиен од страна на неговите противници, Либија потона во хаос.

Формирани се два посебни парламенти и две влади, а вистинската власт ја превзедоа различни паравоени групи. Таквата ситуација ја искористи Исламската држава која окупираше дел на либиската територија додека Либијците масовно ја напуштаа земјата и се обидуваа да стигнат во Европа.

Барак Обама за свој најголем успех во своите два мандати го истакнал спасувањето на економијата од голема криза, а како најдобар ден го смета оној кога поминала неговата реформа на здравствениот систем.

Како најлош ден го истакнал оној кога се пукаше и кога беа убиени 20 деца, 6 учители и членови на помошниот персонал во училиштето Sandy Hook, пренесува BBC.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top