Американскиот долар во опаѓање, но само привремено

Минатата недела на повеќе финансиски берзи дојде до корекции

 |  инфодеск  | 

Минатата недела на повеќето берзи дојде до корекција каде американскиот долар во однос на другите валути изгуби од вредноста. Во однос на еврото доларот опадна приближно за 2%, а курсот EUR/USD денес изнесува 1.0770, што и понатаму е под нивото од 1,2000 на кое беше на почетокот на годината.

Причината ја зајакнување на еврото и останатите валути во однос на доларот е најверојатно ставот на сѐ повеќе економисти и инвеститори на финансиските пазари да се одлучат за купување на евра поради одлуката на Европската централна банка за вбризгување на пари во финансискиот систем, а стапката на економскиот раст стабилно расте веќе со месеци и индексите на бизнис довербата се на најголемо ниво од 2007 година.

Аналитичарите сметаат дека зајакнувањето на еврото во однос на доларот е од привремен карактер бидејќи Европската централна банка ќе продолжи со вбризгување на пари во финансискиот систем поради што каматните стапки ќе останат рекордно ниски, додека американската централна банка во рок од неколку месеци ќе почне да ги зголемува каматните стапки што ќе предизвика уште еден бран на префрлање на капиталот од евра во долари, а тоа пак ќе предизвика зајакнување на американската валута. Многу е веројатно дека за една година доларот би можел да биде, барем на кратко, и посилен од еврото.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top