Amazon го распродава својот прв смартфон за 99 центи

Цената на мобилниот телефон од кого се очекуваше многу, падна за околу 200 долари

 |  инфодеск  | 

Првиот смартфон на Amazon, “Fire”, кој беше претставен оваа година, сега се нуди за 99 центи со двегодишен договор, пишува NewYork Times.

Иако на овој производ работеа илјадници работници, скоро 4, години и се очекуваше продажба помеѓу еден и два милиони апарати, се чини дека влезот на Amazon на пазарот на смартфони беше преголем залак.

Двете карактеристични функции на Fire се динамичката перспектива која пружа своевиден 3D и Firefly која овозможува скенирање на производите за полесно купување на Amazon.

Иако цената падна на 99 центи, Fire и понатаму доаѓа со едногодишен Amazon prime пакет кој нуди бесплатна испорака на артикли како и широк избор на бесплатни филмови, книги и музика.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top