Александар Вучиќ победник на изборите во Србија

Изборниот ден минал мирно

 |  инфодеск  | 

Првите резултати од претседателските избори во Србија, по избројани 50.8 отсто гласачки места, велат дека победник е Александар Вучиќ со 56,5 отсто добиени гласови, според агенцијата Ипсос.

По него следи Саша Јанковиќ со 15,3 отсто а потоа Лука Максимовић Бели со 9,2 отсто освоени гласови. Вук Јеремиќ освоил 5,6 отсто а Војислав Шешељ 4,5 отсто.

Право на глас имале 6.724.949 избирачи кои гласале на 8.396 изборни места.

Изборниот ден минал мирно, изјавил за РТС председателот на Државната изборна комисија Владимир Димитријевиќ. Имало мали неправилности но тие, според Димитријевиќ, биле брзо отстранети.

Српските медиуми јавуваат дека 55 отсто од запишаните гласачи излегле да гласаат што на најмалата излезност од изборите во 2012 година.

Според правилата и доколку овој резултат се потврди на крајот на броењето на гласовите, втор круг нема да има и нов српски претседател ќе биде Вучиќ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top