Албанските власти и официјално потврдија дека во поплавите предизвикани од невремето што зафати делови на Албанија, животите ги загубиле три лица,
Загинатите се од местата Клос, Сукт и Тирана и се на возраст од 40 до 50 години.
Премиерот Еди Рама рече дека се ангажирани сите структури, вклучувајќи ја и армијата, со цел на најдобар начин да се справат со создадената ситуација.
Најпогодени од невремето се подрачјата на Драч, Тирана, Пешкопеја, Лежа и Ѓирокастро, каде под пода се над 500 хектари земјоделски површини, а поплавени се многу домови.
Училиштата се затворени, а војската и службите за вонредни ситуации почнаа да го евакуираат населението од некои области, пренесува Ројтерс.
Новиот автопат кој ја поврзува Тирана со главното пристаниште Драч е блокирано поради поплави, а сообраќајот е пренасочен на стариот пат, јавува Ројтерс.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град