Актерот Вин Дизел ги руши сите рекорди

Покрај тоа што е најплатен актер сега со нов рекорд

 |  инфодеск  | 

Вин Дизел ги руши сите рекорди па така покрај тоа што од неодамна заседна на тронот на листата на Форбс како најплатен актер сега стана и прв актер во Холивуд кој на својата фејсбук страница има сто милиони пријатели. Неговото постигнување го оцени и Марк Цукерберг кој му честита и на својот профил објави заедничка фотографија.

“Му честитам на Вин Дизел што достигна 100 милиони следбеници! Ова е мојата најдрага фотографија каде ги пробувам твоите очила кога прв пат кога се запознавме”, напишал Цукерберг.

Најмногу споделуван пост на Дизел беше оној за смртта на актерот Пол Вокер, а имаше 7,7 милиони лајкови.

“Кога слушнав веднаш отпатував за Калифорнија и од аеродромот заминав директно во куќата на неговата мајка. Помислив дека им треба мојата поддршка, но тогаш сфатив дека јас сум тој кој пушта солзи. Неговата мајка ме прегрна и ми рече дека и е жал. Ја прашав зошто? Ти си мајката која го изгуби синот. Рече, да, но ти ја изгуби својата втора половина”.

Дизел, кој инаку сака да објавува свои жешки фотографии на Фејсбук, со овој успех им се придружи на Кристијано Роналдо и Шакира кои имаат најбројни обожаватели на Фејсбук.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top