Трговијата со луѓе се случува насекаде и во секој момент. Македонија од транзитна зона, стана земја на потекло на трговијата со луѓе. Се тргува со младите од источниот дел на земјава во западниот. Најсуровото кршење на човековите права, трговијата со луѓе, е еден од најпрофитните организирани криминали кој зема се поголем замав и трговците со луѓе не бираат средства и начин да го спроведат тоа, вели Драгица Павлеска Попеска од НВО „Езерка“, Струга. Тие во континуитет ја следат оваа проблематика, посебно во делот на превенција и едукација, за што и официјално добија насоки за делување од стр…
Забрана за пиење на водата од струшкиот водовод. Четридневното заматување на водата која тече од чешмите во домаќинствата на Струга и струшко, не е исправна. Тоа го покажаа анализите направени од лабараториите на Центарот за јавно здравје, кој се надлежни да го контролираат квалитетот на водата во Струга. Сашо Точко вели дека на струшката територија каде што Центарот има и своја подружница редовно се прават анализи и дека уште во средата било воочено заматување на водата во оваа општина.Инспекциските служби веднаш биле информирани и до нив биле испратени анализите од страна на Центарот за ј…
Петок 09. декември ќе падне одлука за директорската позиција на МЈП „Проаква“. Дали градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, после работната посета во Америка, конечно го донесе клучот на досегашната тактизација на охридскиот градоначалник Александар Петрески, околу назначувањето на прв човек на МЈП „Проаква“, најверојатно ќе се знае за утре, барем според најавите на Мерко. Едно треба да е јасно како ден, мора да се избере добар човек кој ќе има своја програма за излез, односно за водење кон подобро на МЈП Проаква, вели Мерко. Но, тој не признава дека состојбата во претпријатието е крајно за…
На 15.11.2021 година во 11.30 часот, во ОВР Струга пријавен е пожар на дива депонија во атарот на струшкото село Драслајца во кој нема повредени лица.
Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга – информираат од СВР Охрид.
Во текот на ноќта, крадец провалил во црквата „Свети Никола“ во струшкото село Радожда и оттаму ги украл сите икони. Полицијата информираше дека моментно се врши увид во црквата и се трага по крадецот.Ова не е прва кражба во оваа црква. Пред помалку од еден месец од истата црква беа украдени 12 икони од 19 век кои се проценуваат на околу 30 илјади евра. Истата вечер кога била ограбена црквата „Свети Никола“ во Радожда, на мета на крадците била и друга црква во селото, но освен што била насилно отворена вратата, ништо друго оттаму не било земено.{loadposition content9}
Матна вода. Деновиве водата за пиење во Струга се замати. Стружани загрижени поради таквата состојба. Тие не сакаа да коментираат пред нашата камера, но велат дека досега никој не излегол да соопшти на што се должи таквата состојба. Првиот човек на општина Струга, Рамиз Мерко вели дека е запознаен со проблемот поради кој се замати питката вода и ја појасни причината за тоа.„Поради сушата во Беличките извори деновиве нагло дојде вода и ја поремети состојбата на водата, а имало и тектонски поместувања на тоа место. Но водата иако е матна не е штетна нема опасни примеси, што го покажаа анализи…
Во Основниот суд во Охрид, за оваа позиција на конкурсот кој беше објавен на 13.10 годинава се пријавил само еден кандидат и тоа актуелниот претседател Владо Дејаноски. Најверојатно Дејаноски и наредните 4 години ќе управува со оваа институција. За разлика од Охрид каде што актуелниот претседател нема противкандидат, борбата за оваа позиција е жестока во соседна Струга. Досега на конкурсот пријавени се 5 кандидати, меѓу кои и актуелниот Ади Усеини. Најверојатно до крај на месец декември со точност ќе се знаат имињата на претеседателите на Основниот суд во Охрид и Струга, бидејќи Судскиот с…
40 претприемачки од пограничната зона Струга и Поградец, добро се покажаа. Имаше што да се погледне во холот на струшкиот хотел „Дрим“, на поставените штандови полни со, ткаени, везени, плетени шиени ракотворби, штандови со флаери од областа на угостителство, како и производи од најразлични индустриски гранки. Јасмина Попоска од Македонската развојна фондација, рече дека се сублимираат искуствата на жените од Струга и Поградец. Додаде дека веќе се покажуваат позитивните ефекти од нивните бизниси.Претставникот од Албанија, Ариола Аголи, упати благодарност до организаторите на саемот и потен…